Боки 13 бара политичари и уредници за сведоци, Јанева го тужи за неовластено снимање

775

Првообвинетиот во предметот наречен „Рекет“, Бојан Јовановски, на денешното продолжение на судскиот процес побара во својство на сведоци да бидат повикани политичари и уредници во некогашаната „1 ТВ“!
Според проценката на одбраната на обвинетиот Јовановски лидерот на СДСМ, Зоран Заев, требало да биде повикан да сведочи само поради тоа што тие имале разменувано СМС пораки, но меѓу оние кои требало да бидат повикани се и актуелниот премиер Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска – Јанковска, министерот за здравство Венко Филипче, но и поранрешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, како и уредниците во „1 ТВ“, Ацо Кабранов, Гордана Дувњак и Анета Кочишки.
Судот ги одби предлозите на Јовановски, но на денешното судско рочиште е обелоденето дека екс-шефицата на сега веќе непостоечкото Специјално јавно обвинителство, Катица јанева, на 13. март, повела постапка против Бојан Јовановски за неовластено снимање. Станува збор за фотографијата која веќе беше изведена како доказ и на којашто се гледа како Јанева седи, а пред неа се ставени 50.000 евра.
Судењето на Јовановски и Јанева продолжува за два дена. Претходно, како што е познато, по ризнание на вина судот го осуди на три години затвор обвинетиот Зоран Милевски – Кичеец, Нему од пред една недала му е укината и мерката куќен притвор.

Спонзорирано