Обвинение за убиство и за обид во скопско Тафталиџе

    809

    Скопјанец, чијшто идентитет скопското Основно јавно обвинителство не го соопштува, и формално е обвинето за убиство, обид за убиство и за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    Делата за коиишто се товари непознатиот, а за кои дознаваме дека е на возраст од 56 години, се сторени на 20. декември, минатата година, кога тој, со умисла, лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот со пиштол („чешка збројовка“ VZOR 50 со калибар 7,65 милиметри), а којшто го поседувал без дозвола. Сега оштетените, инаку татко и син, критичниот ден дошле пред дуќанот на обвинетиот на улица „Московска“ и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, но тој, без да отклучи, го извадил пиштолот и го насочил кон нив. Тие за момеент се оддалечиле, а обвинетиот ја отклучил вратата, но тогаш забележал дека тие му приоѓаат. Тој повторно се засолнил во дуќанот, а потоа почнал да пука кон нив. Во пукотницата еден од оштетените бил смртно зстрелан, а другиот минал со тешки повреди.

    Спонзорирано