Отворен предмет за Димитар Апасиев од „Левица“

2283

Во скопското Основно јавно обвинителство, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, е отворен предмет за објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а напишан од Димитар Апасиев, лидер на „Левица“. За споменатиот, како што потврдуваат од обвинителствтото веќе се примени две кривични пријави, поднесени од Хелсиншкиот комитет за човекови права и од две физички лица. И двете пријави се однесуваат на објавата на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а со содржина: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“. Основното јавно обвинителство Скопје по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот, до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, а во насока на утврдување на фактите, „авторот“ на вознемирувачкиот статус е повикан да даде исказ во обвинителството.

Спонзорирано