Жител на струмичко Костурино криел кокаин во штоп-светло

314

Основното јавно обвинителство во Скопје отвори истрага за лице од струмичкото село Костурино, кај кое е пронајден кокаин. Сега осомничениот, во својот автомобил, со струмички регистарски таблици, во левото задно штоп светло, скрил наркотична кокаин со тежина од 10,31 грама, спакувама во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена, вчера, по извршен претрес на возилото кај наплатната рампа Миладиновци. За осомничениот, инаку на возраст од 46 години, е доставен предлог за определување мерка притвор.

Спонзорирано