Откако сведочеше во „Рекет“, банката на Орце Камчев ја раскина соработката со адвокатот Васил Димишков

6220

Како што дознава „Правосудство.мк“, само неколку часа по неговото сведочење, најверојатно незадоволен од она што го кажал, Орце Камчев, односно неговата „Стопанска банка Битола“, со допис го извстила адвокатот Димишков дека ја раскинуваат соработката со него

 

Љубиша Станковиќ

Најверојатно незадоволен од исказот којшто Васил Димишков го даде во својство на сведок, а во врска со предметот „Рекет“, сопственикот на „Стопанска банка Битола“, Орце Камчев, ја прекинал соработката со адвокатот!
Имено, како што дознава „Правосудство.мк“, само неколку часа по сведочењето на Димишков нему му стигнало известување од банката чијшто сопственик е Орце Камчев дека тие ја раскинуваат соработката со него и дека го откажуваат претходно даденото полномошно за застапување пред судовите во државата.
Не успеавме да дознаеме дали како потписник на известувањето до Димишков стои името на Владимир Ефтимовски, директорот на „Стопанска банка Битола, односно човекот кој прв ќе ообара од Димишков да му помогне на Камчев, но она што секако е интересно е дека адвокатот ги штител интересите на банката во десетина предмети и тоа пред неколку судови, а сега без објаснување и еднострано се раскинува секаква соработка со него.
Нашите извори велат дека адвокатот Васил Димишков, дека подготвува известувања до судовите со намера да ги информира дека тој повеќе не е правен застапник на „Стопанска банка Битола“ и дека во иднина тој нема да се појавува на закажаните судски рочишта.
Во обид да дознаеме нешто повеќе за раскинот на соработката помеѓу адвокатската канцеларија на Васил Димишков и „Стопанска банка Битила“ одговор побаравме и од адвокатот, но тој само кратко одговори: „Има нешто! Јас сум адвокат и како професионалец не сакам да зборувам за мојата работа, а кој како цени дека треба да постапува – тоа е негова работа!“

Раскинот на соработката помеѓу „Стопанска банка Битола“ и адвокатот само потврдува дека Камчев немал искрени намери кога преку посредници побарал Димишков да биде во тимот на неговите бранители, туку дека требало да му помогне да ја дискредитира сестрата на Васил, судијката Весна Димишкова, која, пак, му изрече притвор не само нему, туку и на неколкумина блиски сораборници на првоосомничениот во случајот наречен „Империја“. Васил Димишков, во четвртокот, на судење на обвинетите во предметот наречен „Рекет“, каде се појави во својство на сведок, кажа дека намерата на Камчев и нему блиските соработници не била тој да биде ангажиран како бтранител, туку со неговото ангажирање да се бараа изземање на неговата сестра од натамошно постаување. Димишков рече дека нмамерата била тие сакале само да го искористат, но по средните што ги оствариул со сопругата на Орце, Ана Камчева и сега веќе осудениот Милевски донел одлука да не се прифаќа за бранител во предметот.

Спонзорирано