Условни казни и доживотно протерување на криумчари на мигранти

701

Обвинети, со потекло од Гана, инаку едниот германски, а другата државјанка на Италија, признаа дека сториле кривично дело: криумчарење на мигранти.
Судот, денеска, донесе пресуда со која на двајцата обвинети им изречена алтернативна мерка – условна осуда на казна затвор во траење од две години која нема да се изврши доколку во период од пет години не сторат друго кривично дело. На осудените криумчари уште денеска ќе им биде укината мерката притвор и тие заселогаш ќе бидат протерани од Р.С. Македонија. Сега осудените, на почетокот на минатиот месец, со намера илегално да пренесат тројца мигранти со возило со германски национални ознаки се уатиле кон Грција. За да обезбедат непречено поминување, односно за потребите мигрантите обезбедиле лични карти од Европска унија. На граничниот премин „Богородица“, при контрола, тие се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Мигрантите, кои исто така потекнуваат од Гана, платиле 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1.000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување во Австрија.