Стартот на судскиот процес кој се однесува на лицата осомничени како организатори на бруталното насилство кое се слиучи на 27. април 2017. година е одложен за следната недела.
Одложувањето доаѓа по предлог и барање на одбраната на обвинетите екс-собранискиот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниуот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Владимир Атанасовски. Адвоатите бараат одложување поради тоа што ги немале добиено сите докази со што тие не ќе можат да се произнесат по прашање на вина за кривичното дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Имено, според одбраната дел од доказите кои ним им требаат се во предметот кој се однесуваше на насилствата од 27. април, а кој сега е во Апелациониот суд. Станува збор за пресуда со која 16 лоица беа осудени на затворски казни од 211 години.
Инаку, за кривично дело за кое сега ќе одговараат четворицвата споменати, во време на спроведување на предистрагата, осомничени беа и поранешниот премиер Никола Груевски и контраразузнавачот Никола Бошкоски, но поради нивното бегство во Грција, односно во Унгарија за нив постапката е запрена се до моментот на нивно пронаоѓање и изведување пред органите на прогон.
Она што што е од суштинско значење за овој предмет е токму констатацијата, вградена во самото обвинение, дека на насилството во републичкото Собрание му претходеле неуспешни преговори за формирање влада, но за да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата тие подготвиле план кој вклучувал и акти на насилство и на тој налчин да спречат примопредавање на власта.

Спонзорирано