За фијаското со кокаинот осомничени две лица

1382

Полициската акција која се реализира во скопското село Крушопек и која требаше да финишира со заплена на 1,3 тони кокаин е повеќе од обично фијаско, бидејќи се се сведе на еден килограм наркотична дрога и поведување на истрага за две лица.
Имено, како што информираа од обвинителството тие повеле кривична истражна постапка за две лица за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Иако првично беа приведени четворица, сепак истрага ќе се води се за сопственикот на фирмата која се занимавала со увоз на овошје и на уште едно лице и за нив е побарана мерка притвор, додека другите двајца кои, исто така беа приведени се ослободени. Од обвинителството информираат дека камионот, во којшто беше пронајден кокаинот, како и целата пратка со банани ќе бидат запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.

Спонзорирано