Наќе Чулев пријавил евентуални злоупотреби од Владата, заменичката го пријавила него!

1725

Техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи, Наќе Чулев, за она што на 15. овој месец се случувало на седница на Влада на република северна Македонија, кога е донесена одлука за поништување на неколку десетици решенија за прераспоредувања, а кои биле потпишани од него, ќе бидат предмет на проверка во обвинителствтото.
Основното јавно обвинителство – Скопје ја информира јавноста дека наводите на техничкиот министер Чулев ќе бидат проверени со цел утврдување на евентуални неправилности, а кои би упатиле на извршено кривично дело. Од обвинителството потврдуваат дека надлежен јавен обвинител веќе поднел барање до Владата на РСМ за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите. Но, на реакцијата на Чулев, претходно, реагирала дополнителната заменичка на Министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која поднела кривична пријава со која Наќе Чулев се сомничи дека сторил кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата. „Пријавата се однесува на донесената телеграма, од осми јануари 2020 година, од техничкиот министер со која се известуваат раководителите на организациони единици во МВР дека решенијата за распоредување потпишани од поранешниот министер за внатрешни работи кои не се врачени не треба да им се врачуваат на вработените на кои се однесуваат“, велат од обвинителството и потврдуваат дека надлежниот јавен обвинител веже издал наредба со која се бара да се извршат одредени проверки до МВР, а од техничкиот министер и од дополнителниот заменик на министерот се бараат релевантни податоци и писмени докази.

Спонзорирано