Разрешениот Владимир Панчевски правосилно осуден за мобинг!

5044

Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда, изречена во скопскиот „граѓански“ суд, кој претходно утврди дека разрешениот судија Владимир Панчевски вршел психички притисоци, односно мобинг врз вработениот Горан Стаменковски.
Повисокиот суд констатирал дека Стаменковски бил психички вознемируван од Панчевски кој во тоа време ја извршувал функцијата претседател на скоскиот кривичен суд. Имено, согласнмо пресудата Панчевски, своето изживување го манифестирал така што на сега оштетениот без да му врачи решение распоредување на ново работно место, а врз основа на задолжение, го присилил да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување. Жртвата на Панчевски била јавно деградирана, исмејувана и омаловажувана, а за неа била поведена и дисциплинска постапка. Пресијата врз Стаменковски започнала во аптрил 2016. година кога Панчевски, врз основа на фотографија којашто му била дадена од МВР, на протест на „Шарената револуција“, меѓу граѓаните кои протестирале, го препознал тужителот Стаменковски. По ова, Панчевски започнал со првичните притисоци кон Стаменковски, кому, во два наврата, му изрекол и дисциплински мерки: парична казна од 15 отсто од плата.
Панчевски не само што не дозволил слободно изразување на слободна мисла и волја, туку се замешал и во политичките определби на Стаменковски кого го деградирал за неколку скалила подолу, иако се работи за правник со положен правосуден испит.
На деградирањето во службата Стаменковски реагирал со пријава до Државниот трудов инспекторат, а кој, пак, по извршен увид во судот ги потврдил неговите тврдења.
Сега, кога е правосилно осуден за мобинг, Панчевски никогаш повеќе не ќе може никому да шефува. Инаку, за човекот за кој „Правосудство“ ексклузивно објави дека уште како малолетник обивал и крадел по станови се води судска остапка за злоупотреби со системот „Акмис“, а во тек е уште една кривична постапка за други тешки кривични дела.

Спонзорирано