НА ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА АКМИС СИСТЕМОТ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ВЕЛЕС

3525

На суспендираниот судија Владимир Панчевски, за кој „Правосудство.мк“ ексклузивно објави дека тепал жени и дека како малолетник крадел по станови, за сторените злоупотреби на АКМИС системот ќе му суди судот во Велес.
Според обвинението злоупотребите, односно делење на преднмети на рака, поточно за „заобиколување на електронската распределба, се вршела цели три години. Панчевски злоупотребите ги сторил за време на неговото претседателствување со скопскиот кривичен суд, односно од 23 јануари 2013. до 14. септември 2016 година.
Насилникот и провалникот Владимир Панчевски наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети кои биле доставени од скопското Основно обвинителство, два предмета кои во судот биле доставени од судовите во Неготино и Куманово, 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од Специјалното јавно обвинителство.

Владина комисија која утврдуваше енетуални злоупотреби на АКМИС системот констатира дека дури 860 предмети не му се додоелени на судија, дека одредени судии се исклучувале од електронската распределба и тоа со потпис или со најобично телефонско јавување. За постоење на рачно распределување на предмети, главно во време кога Панчевски бил претседател на скопска „единица“, потврди и поранешниот в.д. претседател на истѕиот суд, судијата Стојанче Рибарев. Тој беше првиот кој го употреби терминот, „двоен АКМИС“.

Спонзорирано