Задавен старец во село Црвевци

1000

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кичево, заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан, изврши увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, Кичевско, каде што е пронајдено починато лице.

Починатиот, 75-годишен жител на селото, живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење. Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска,  по издадена наредба на обвинителството, повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело.

Спонзорирано