Вработени во СЈО барале да се направи „бекап“ на се она што требало да се избрише од компјутерите!

1498

 

Скандалот со таканареченото „форензичко бришење“ на дел од податоците во сите компјутери во Специјалното јавно обвинителство засега е „затворен“ со демантот кој беше оттаму лиферуван, но тоа не значи дека и случајот е ставен „ад акта“.
Тврдењата на колегите од „360 Степени“ дека Катица Јанева наредила бришење на дел од податоците коинцидираат со сознанијата до коишто дојде „Правосудство.мк“. Имено, според нашите сознанија, непосредно пред да се пристапи кои бришење на компјутерите еден од помошниците на Јанева предложил да се направи комплетен бекап (back up) на се што подоцна треба да биде предмет на бришење.
Иако овој предлог претпоставува зачувување на податоците кои треба да бидат избришани, сепак, тој не бил прифатен.
За сомнежот во постапувањата на поединци во СЈО да биде уште поголем е и самиот демант кој уследи откако за бришењето на податоците имаше и потврда од вработени во Специјалното јавно обвинителство. Всушност, серијата на „грешки во чекори“ најзабележливи се токму кај се уште актуелната шефица на СЈО. Јанева, ако се следи текот на случувањата поврзани со предеметот наречен „Рекет“ ќе си даде оставка на местото шеф на СЈО во ист час кога полицијата ќе го приведе Бојан Јовановски викан Боки 13. По оваа таа ќе излезе со информација дека од нејзе е одземен само еден мобилен телефон, бидејќи другиот го изгубила. Нејзиниот син, Лазар Јанев, инаку директор на маркетингот на сега веќе уништената „1ТВ“ ќе каже дека мобилниот бил изгубен во Белград, но за чудо, една недела подоцна тој ќе биде пронајден кај сестрата на неговата девојка! Една недела по отворањето на аферата и исто толку молк на Јанева ќе биде организирано нејзино „читање“ за случувањата со Боки 13 и „1 ТВ“, односно со Јордан ( Орце ) Камчев и изнудата на осум и наплатата од 1,5 милиони евра.

(Љ.С.)

Спонзорирано