МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРО РИСТОВСКИ НОЌТА ЈА МИНАЛЕ ВО „ХАШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ“

770

Притворените Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои вчера околу пладне предизвикаа инцидент, а потоа побараа и медицински третман надвот од ѕидините на затворот „Скопје“, ноќта ја минале мирно откако затворската управа донела одлука за нивно преместување. Како што дознава „Правосудство.мк“, Ристовски и Јанакиески биле префрлени во одвоени ќелии во таканаречното „Хашко одделение“, каде се по 24-часовен видео надзор. Според истите сознанија, наводно, преместување добиле и лицата кои влегоа во физичка пресметка со Јанакиески и Ристовски.
Според информациите со кои располагаме притворение екс-министри и во наредните денови ќе останат во „хашките“ ќелии и нивното враќање ќе зависи од брзината на смирување на состојбите.

Спонзорирано