ВРАБОТЕНИТЕ, СО ПЕТИЦИЈА, БАРААТ ДИРЕКТОРОТ НА „ШУТКА“ ДА ОСТАНЕ!

    1041

    На петицијата за останување на Ѓоко Котевски свој потпис ставиле 63 лица, вработени во КПУ Затвор „Скопје“

     

    Безмалку сите вработени кои денеска се појавија на своите работни места, во Казнено-поправната установа „Скопје“, ставиле потпис на петицијата со која се бара Ѓоко Котевски да остане на раководната позиција.
    „До сега својот потпис на петицијата ставија 63 вработени. Убедени сме дека, со исклучок на тројца-четворица, дека и другите начи колеги ќе му дадат поддршка на директорот Котевски. Ние не се согласуваме со предлогот тој да даде оставка. Оставка може да даде Мицковски, бидејќи веруваме дека тој стои зад вчерашниот инцидент“, вели вработен во затворот во Шуто Оризари, а кој инсистираше да остане анинимен.
    Нашиот извор вели дека иницијативата за петиција дошла сосема спонтано, односно оној момент кога Котевски, а по барање на премиерот Заев, одлучил да даде оставка на местото директор.
    Како што е познато на барањето за оставка на директорот Ѓоко Котевски уследи по вчерашниот инцидент во затворот, кога најпрво Спиро Ристовски, а потоа и Миле Јанакиески пријавија повреди, откако претходно биле физички нападнати.
    Инцидентот имаше свое продоолжение кога во Градската болница „8 Септември“, обезбедувањето на Христијан Мицкоски ги нападнало вработените од затворот.
    Одговорност и истрага за случајот денеска побара и премиерот Заев, но и министерката за правда Рената Десковска.
    Инаку, доцна попладнево со поединечни реакции се јавија и други лица кои издржувале притворски мерки и затворски казни. Тие реагираат на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ која зборува за психичко и физичко насилство.

    „Психичко и физичко насилство во затворите! Прв пат, а? Како не ви е срам! Сите кои бевме по затвори од 2006 до 2017 и затоа време е да кажеме низ што поминавме! Тогаш никој не сакаше да слуша почнувајќи од Обвинителство и сите други надлежни институции!“, се вели во една реакција пласирана на социјалните мрежи.
    Нашите сознанија велат дека овие лица ќе започнат отворено да говорат што се, навистна, се случувало позади затворските ѕидини.

    Спонзорирано