Истрага за набавка на наркотична дрога

462

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба.
При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 7 март годинава, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени: наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело

Спонзорирано