Прилепското основното јавно обвинителство отвори кривична истрага за 51-годишен жител на Крушево кој се сомничи дека сторил кривичното дело разбојништво.
„Осомничениот на 19. овој месец, околу 15 часот, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, се маскирал со црна маска, темни очила и сива капа на главата по што влегол во експозитурата на ‘Уни Банка’, во Крушево, каде го извршил кривичното дело.
Тој со употреба на сила и закана со огнено оружје дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на оштетените вработени, ги присилил трите службенички да му ја отворат просторијата каде биле сефовите од банката и одзел денарски парични средства во вкупен износ од 1.330.000 денари“, се вели во соопштението на Обвинителството, а со кое се потврдува дека е прифатен нивниот предлог за изрекувањее на мерка притвор во траење од еден месец.