Обвинение за разбојништво во обложувалница во Скопје

397

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице, кое на 18 јануари годинава во спортска обложувалница се обидело да изврши кривично дело „разбојништво“ од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со уште едно лице чиј идентитет не е утврден до овој момент.
Обвинетиот и неговиот соизвршител на критичниот датум, заканувајќи се дека ќе нападнат врз еден вработен, се обиделе да одземат парични средства од обложувалницата. Притоа, непознатото лице останало пред вратата за да чува стража, додека обвинетиот ставил ракавици на рацете, се маскирал со маица преку главата, извадил пиштол и влегол во објектот. Тој се доближил до пултот каде што работел оштетениот и му се заканил по живот со барање да му ги даде парите. Вработениот клекнал под пултот и ја затворил вратата, со што го спречил обвинетиот да влезе во внатрешната страна и да ги одземе парите. Сега обвинетото лице се обидело да ги скрши дрвената врата и заштитното стакло од пултот со удари од нозете и со удари од кундакот на пиштолот, но не успеал во намерата, па со својот соизвршител веднаш се дале во бегство. Откако беше лишен од слобода, на обвинетиот веднаш од страна на судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор. Ценејќи дека законските основи за ваквата мерка сѐ уште постојат, надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Судот достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.

Спонзорирано