СЕДУМИНА ОБВИНЕТИ ПРИЗНАЛЕ УЧЕСТВО ВО СТРАНСКА ВОЈСКА

    1269

    Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на главна расправа, при произнесување за вина, седуммина македонски државјани обвинети за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, а еден и за кривично дело терористичка организација, ги признаа делата што им се ставаат на товар.
    Во август минатата година, во соработка со партнерите од глобалната коалиција за борба против тероризмот и „Сириските демократски сили“, обвинетите беа лишени од слобода и предадени на македонските органи на прогонот. По спроведена истрага, во декември минатата година, до Основниот суд Скопје 1- Скопје беше поднесено обвинение против седум лица. Обвинетите со намера да станат учесници во паравоените формации ја напуштале земјата и заминувале на обука во Сирија, каде, како борци на ИСИС учествувале во војните во Сирија и Ирак. Инаку, освен учество во паравоените формации обвинетите собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, а преку социјалните мрежи повикувале, врбувале и поттикнувале други лица да учествуваар во паравоените формации.

    Спонзорирано