Во нива, во близина на патниот правец помеѓу струшките села Калишта и Франгово – Струга, вчера, а по добиебни оперативни сознанија биле пронајдени 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метален сандак со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 рачни фрлачи, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20 милиметри.

Полицијата за заплената го информирало струшкото Основно јавно обвинителство, како и Дирекцијата за заштита и спасување, но засега никој не е приведен или осомничен.

Спонзорирано