Основното јавно обвинителство во Гостивар повело постапка против лице за кое се верува дека сторило кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
„Осомничениот, во повеќе наврати во текот на оваа година, искористил погодни прилики и извршил полови дејствија врз жртвата – дете на неговата невенчана сопруга. Случајот, по добиени определени сомнежи и сознанија бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи Кичево“, се вели во соопштението на обвинителството и притоа се наведува дека ова лице е побарана мерка притвор, како и тоа дека за ова кривично дело е запретена казна затвор од најмалку 12 години.
Спонзорирано