На „Табановце“ запленети 100 кила марихуана

515

На Граничниот премин „Табановце“, утрово, поточнио само десетина минути по полноќ, е пресечен транспорт на 100 килограми марухиана.
Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полицијата запрела камион („ДАФ“), со бугарски национални ознаки и со приколка „тирсан“, којшто го управувал лицето М.К. (66), од валандовското село Јосифово.
„Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи – Единицата за недозволена трговија со дроги, во кооординација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, СВР Куманово, во содејство со царински службеници извршиле претрес на возилото, при што во дополнителен резервоар биле пронајдени 90 пакувања наркотична дрога марихуана со тежина од над 100 килограми, еден пиштол „MAUSER“, со калибар 7,65 милиметри, рамка за пиштол со шест куршуми калибар 7,65 мм. и еден пригушувач за пиштол“, се вели во соопштениот на МВР од каде и најава дека за приведениот ќе следи пријава за трговија со опојни дроги.

 

Спонзорирано