Во Кичево запленети 1,3 килограми марихуана

    809

    Жител на Кичево е осомничен за поседување на 1,3 килограми марихуана, откако дрогата била пронајдена во неговиот дом, поточно во подрумот на неговата куќа.
    Од гостиварското обвинителство коешто веќе донело наредба за спроведување кривична истрага за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, потврдуваат дека дрогата била пронајдена во подрумска просторија, на улицата „Мехмед Мехмеди“. Станува збор за 1.309,27 грама марихуана којашто била завиткана во повеќе најлонски и мали зипер вреќички, а била запленета и . Од осомничениот била одземена и една дигитална вага.
    Инаку, освен кривична истрага за осомничениот е побарана и мерка притвор, а што е прифатено од судија на претходна постапка.

    Спонзорирано