Шест месеци затвор за таткото на Боки 13

1508

Директорот и косопственик на сега веќе пропаднатата „1 ТВ“, Миле Јовановски, инаку татко на притворениот Бојан Јовановски, денеска е осуден на затворска казна во траење од половина година за нанесување на тешка телесна повреда.
Казната за Миле Јовановски е мала, бидејќи тој призна дека, на 7. јануаери 2017 година, по физички напад и претходна расправија за паркинг место, му нанел скршеница на зглоб од ногата на свештеникот Виктор Стојчев.

Спонзорирано