СЕДУМ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗА „ПЛАЦЕВИTE НА ВОДНО“

492

Никола Груевски за кривично дело: перење пари и други приноси од кривично дело судот го осуди на пет, а за противправно стекнување и прикривање на имот на три години затвор, односно на единствена казна во траење од седум години затвор и дополнитело на парична казна од 3.500 евра

 

Судечки совет на скопскиот кривичен суд, со кој претседаваше судијата Илија Трпков, по девет месеци судење ги изречен првостепените пресуди за случајот наречен „Плацеви на Водно“.
На највисока затворскла казна, како што и можеше да се предвиди, судот го осуди поранешниот премиер, а сега првообвинет, Никола Груевски. Имено, Груевски за сторено кривично дело: перење пари и други приноси од кривично дело судот го осуди на пет, а за противправно стекнување и прикривање на имот на три години затвор, односно на единствена казна во траење од седум години затвор и дополнитело на парична казна од 3.500 евра.
За судот, како што кажа судијата Трпков, не постоела дилема дека извршените бројни трансакции биле во насока на прикривање на купување на предметите плацеви на Водно, со површина од 11.255 метри квадратни, како и името на Груевски кој во тој период ја извршувал функцијата премиер на Влада, кко и тоа дека ја злоупотребил партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ од каде присвоил 1.300.360 евра или 79.972.140 денари. Според елаборцијата на судијата Трпков, за парите кои биле прибирани како донација, а кои ги присвоил Груевски, постојат бројни, пред се вербални докази.
Согласно првостепената пресуда екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, заради помагање, е осуден на една година и три месеци, а обвинетиот Јордан Камчев е осуден на казна затвор во траење од една година.
Иако судот најде вина и кај обвинетите Ристо Новачевск и Ненад Јосифовиќ, сепак за нив изрече затвоск казни од по две години кои им се заменуваат за условни казни во траење од пет години.
Мајката на Јордан (Орце) Камчев, иако обвиета остана неказнета, бидејќи нејзиното кривично дело застарело и Јавниот обвинител за неа го повлекол обвиненението.
Освен изречените казни судот нареди и конфискција на имот, односно заплена на градежни парцели во Скопје и во крушевското село Норово, станови и три луксузни апртмани проценети на 666.000 евра.
Според обвинителниот акт со купувањето на плацевите на Водно се започнало уште во јуни 2006. и траело до октомври 2012. година, кога Груевски, со искористување на неговата позиција, противправно присвоил 1.300.360 евра, партиски при. Присвоените средства, Груевски, од октомври 2012 година до септември следната година ги пуштил во оптек. Тој имал информации дека физички лица кои се иселени од државата, преку посредници, продаваат на Водно, земја со површина од 11.000 метри квадратни. Иако сакал да купува, Груевски не сакал неговото име да се појавува во јавност и затоа Ненад Јосифовиќ, кој поседувал офшор фирма во Белизе, требало да се јави како купувач. Малку подоцна Јосифовиќ, ќе формира нова фирма во Скопје, а за управител бил именуван кумот на Груевски, Ристо Новачевски. Плаќањето одело преку скопската фирма која, пак, примала уплати од Белизе. Некде меѓу јуни и октомври 2015 година, купениот имот, бил трансформуиран во градежно земјиште, а уделот на фирмата од Белизе, во правното лице во Скопје, било пренесено на Орце Камчев и на неговата мајка Ратка Куновска -Камчева. Всушност, Орце бил именуван за управител на фирмата, а Ратка Куновска- Камчева во сопственичка на имотот.

Спонзорирано