Жител на скопско Арачиново, на возраст од 24 години, е осомичен дека соизвршител сторил кривично дело: криумчарење на мигранти.
Имено, сега осомничениот, заедно со непознато лице, по претходен договор, во патничко возило „опел зафира“, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле на територијата на нашата држава. Петмина од мигрантите се деца на возраст помеѓу 14 и 15 години.
Откако ги сместиле мигрантите во возилото, сега осомничениот и неговиот пријател, кој го управувал возилото, се упатиле кон границата со Србија, но во близина на фабриката „ХИВ -Велес“, тие одбиле да застанат на светлосната сигнализација од полициските службеници, туку со уште поголема брзина го продолжиле движење. По минати само 300 метри тие го запреле возилото, а потоа осомничениот и неговиот пријател се дале во бегство. Полицијата, во напуштеното возило, ги пронашла мигрантите, а малку подоцна бил пронајден приведен и сега осомничениот, на кој, судија на претходна постапка, му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.
Арачиновец осомничен за криумчарење мигранти
Спонзорирано