Јетон Љужа и формално обвинет за свирепо убиство на Никола Саздовски

781

Скопјанецот Јетон Љужа (21), кој по убството на Никола Саздовски – Саздо, извесно време се криеше во Германија, од денеска е и формално обвинет за извршено убиство на свиреп начин.
Сега обвинетиот Љужа, заедно со лицата Бесир Беља и Скендер Демири, и кои на 23. април минатата година, за стореното дело беа осудени на по 19 години затвор, се товари дека бил соучесник во изршувањето на злосторсвото, но нему поради бегството му се суди во издвоена судска постапка.
Според обвинението, како и врз основа на веќе донесена првостепена пресуда за овој случај, констатирано е дека, 29. јуни 2018 година, обвинетите, на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Имено, тие му пристапиле на Саздовски на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите: „А, ти си тој Никола Саздовски викан Саздо“, по што сите тројца заедно започнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот, по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски западнал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на деветти јули, на Одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар.

Спонзорирано