Скопјанец обвинет за поседување оружје, муниција и дрога

160

Случајот со скопјанецот кој, во април оваа година, беше приведен поради поседување наркотични дроги, како и заради огнено оружје кое што го чувал во „бункери“ денесека е формализиранм со поднесување на обвинение.
Имено, скопското Јавно обвинителство за овој 24-годишник поднесе обвинителен акт со кој тој се товари за: недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Како што е веќе познато, сега обвинетиот, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ во Скопје, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, но и хероин. Во „бункерите“, но и околу нив, биле пронајдени автоматска пушка (MPIKM) со пластичен кундак и калибар 7,62 х 39 милиметри и 27 куршуми, полуавтоаматска снајперска пушка „Црвена застава М75“ со калибар 7,9 мм., пиштол (VZ61 scorpion) со калибар 7,65 мм. и со нарежан навој и монтиран придушувач, 34 куршуми со калибар 7,65 мм., автоматско оружје – пушка од албанско производство, една празна и една рамка со 18 куршуми, полуавтоматски пиштол (BERETTA Cx4 storm), пиштол „Застава М84 scorpion“ со калибар 7,65 мм и со нарежан навој и монтиран пригушувач и со рамка со 20 куршуми од тој калибар, како и полуавтоматско огнено оружје – пушка „Застава М76“ со калибар 7,9Х57 мм со монтиран оптички нишан. Освен наведебното, во пластично буре биле пронајдени и 2.382 грама хероин, спакуван во пет полиетиленски пакувања.
Јавен обвинител, освен обвинение, до судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Спонзорирано