Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, со судско решение од вчера вечар е на издржување на мерка притвор. Нему му е изречен притвор во траење од 30 дена, откако беше осомничени дека примил поткуп во висина од 40.000 евра. Сега притворениот Јахија и уште едно лице, кое засега се води како недоспатно за органите на прогонот, од јуни 2014 година до август следната година, од италијанска фирма, а преку посредници, примилe подарок- патување во странство. станува збор за три патувања вредни 7.000 евра, а тие за возврат требало да извршат службено дејствие коешто не смееле да го извршат. Имено, на правно лице – апликант на тендер, му овозможиле пристап до доверливи тендерски информации. Се работи за избор на фирма и средства на ИПА фондовите, а конкретниот проект бил вреден 1.096.900 евра. Веќе следната, 2016 година, кога Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало со спроведување на ИПА проектот, како награда за своето противзаконито службено дејствие на Јахија му биле исплатени 37.930 евра или 2.332.695 денари, а второосомничениот примил 2.500 евра, односно 153.750 денари.
Инаку, државниот секретар Јахи Јахија стапува на ова функцијата стапил во 2011 година. Тој од 2000. година работи во Агенцијата за администрација како советник за односи со јавноста и државен советник за координација и селекција на државните службеници. Во 2011. станал и член на Управниот Одбор на Регионална школа за јавна администрација, а три години подоцна и нејзин претседател. Од 2015 година Јахија е член на Регионалниот центар за државна служба, Астана Казахстан.
Јахи Јахија дипломирал за студиите по новинарство на Универзитетот во Тирана, з во 2003 година станал магистер на Политички науки на Универзитетот во Оксфорд, Велика Британија. Од пред две години тој кандидат за докторски науки од областа на Јавната администрација, на битолскиот универзитет.
ЕДЕН МЕСЕЦ ПРИТВОР ЗА ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР
Спонзорирано