ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВОДИ ПОСТАПКИ ЗА АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ

1385

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, откри дека во моментов се водат кривични постапки за актуелни функциомнери кои, главно се сомничат во корупитивни случаи. Обвинителката Русковска не посочи конкретни имиња, но кажа дека: „Во тек се предистражни и истражни постапки против функционери. Во овој момент не можам повеќе да кажам освен дека се однесуваат за економски криминал, односно корупција“.
Во контекст на кажаното е и најновата истрага која се води против државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, дотолку повеќе што истрага за овој случај, паралелно се водеше и во Јавното обвинителство на Милано, Италија. Според зборовите на Рускоска запленетите компјутери и мобилни телефони се дадени за вештачење, а доказите кои ќе ги обезбедат италијанските државни органи ќе бидат употребени против двајцата осомничени, македонски државјани.
Инаку, во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е Националниот јавен обвинител за гонење мафија и тероризам на Италија, Федерико Кафеиро де Рахо. Тој и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, потпишаа меморандум за соработка меѓу двете земји за заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал.

Спонзорирано