СУДСКИ СОВЕТ СО РАСПРАВА ЗА ТРОЈЦА СУДИИ НА ВРХОВНИОТ СУД

    1558

    Постапката се однесува на оние тројца судии кои гласаа да му се укине мерката притвор на Сеад Кочан, а меѓу нив е и Јово Вангеловски

     

    Судскиот совет денеска, зад затворени врати, како шеста точка од обемниот дневен ред, ја разгледуваше одговорноста на тројца судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, меѓу кои е и актуелниот претседател Јово Вангеловски.
    Според објаснувањата искажани од претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, тројцата тројцата врховни судии, кои надгласале нивни двајца други колеги, овозможиле укинување на мерката притвор за осудениот Сеад Кочан, кој, пак, со месеци се водеше како недостапен.
    Претседателот Здравев поради заштита на личноста и интегритетот на судиите не сака да каже за кои судии се раасправа, но нивните имиња и порано јавно беа соопштувани, а најчесто споменуван беше претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
    Инаку, Судскиот совет треба да одлучува и за судијата Мустафа Шаини, од Управниот суд, за кого веќе се води истрага за злоупотреба со предмет поврзан со денационализација.

    Спонзорирано