Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

1340

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Еден од обвинетите се товари за кривично дело убиство, а сите тројца за кривично дело обид за убиство.
На 31. август 2014 година, тројцата обвинети влегле во двор од куќа во Арачиново, во која живеел сега покојниот Бајрами Мевљудин и неговото семејство. Еден од обвинетите, со истрел од пиштол, со умисла го лишил од живот Бајрами Мевљудин, а се обидел да лиши од живот и уште едно лице, брат на жртвата. Останатите двајца обвинети пукале кон мајката на жртвата и кон другиот брат, нанесувајќи им прострелни рани.
Според Обвинителството се уште постои опасност обвинетите да се дадат во бегство со цел да го избегнат кривичниот прогон, особено со оглед на тоа што тие не биле достапни на органите на прогонот речиси пет години по извршување на делото и беа лишени од слобода дури во април годинава и од тие причини е даден предлог за продолжување на мерката притвор.

Спонзорирано