ЗОРАН СТАВРЕВСКИ ВИДЕН ВО УПРАВАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

3378

Некои недиуми денеска го објавија моментот кога поранешниот министер за финансии, во Владата на бегалецот Никола Груевски, Зорав Ставревски, ја напушта зградата на Управата за финансиска полиција. Појавувањето, односно заминувањето на Ставревски од објектот на УФП денеска никој не го коментира иако вчера токму оваа институција информираше за три нови предмети.
Она што засега е извесно е дека Ставревски останува осомничен во предметот наречен „Подарок”, инаку инициран од Специјалното јавно обвинителство. Специјалното јавно обвинителство на 10. октомври минатата година ја затвори предистрагата и отпочна кривична истрага за Зоран Ставрески, Миле Јанакиески и Крсте Миладинов за сторено кривично дело: злоупотреба на службена положба и овластување. Во рамки на истрагата, според СЈО, биле преземени повеќе истражни дејствија како прибирање и анализирање на документација, сослушување на сведоци, испитување на обвинети, но и претреси на деловни простории и пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци.

Спонзорирано