Истрага за убиство на свиреп и подмолен начин

    1349

    Едно лице од струмичкото село Добрејци е осомничено дека на седми мај оваа година извршило убиство на свиреп и подмилен начин. Имено, критичниот ден, сега осомничениот, на свиреп и подмолен начин, го лишил од живот Ристо Илјашев, а потоа се обидел убиството да го прикрие.
    Како што информираат од струмичкото обвинителство осомничениот од порано се познавал со жртвата, а критичниот ден тој му се понудил да го превезе со својот автомобил, но од тој момент на Илјашев му се губи секаква трага и тој повеќе од еден месец се водеше како исчезнат.
    Полицијата извршила претреси на повеќе локации, а била организирана и опсежна потрага по исчезнатото лице, особено во реонот на браната Турија, каде што било забележано возилото на осомничениот. Притоа, со обезбедените снимки од видео надзорот на околни објекти е утврдено дека Илјашев, во Струмица, се качил во автомобилот на сега осомничениот, иако тој давал контрадикторни информации за тоа дали го превезувал оштетениот. Во работилница во сопственост на осомничениот во село Добрејци беа пронајдени биолошки траги кои потекнуваат од жртвата.
    „На 20. јуни, во водите во близина на браната беше пронајдено буре во кое се наоѓало тело на починато лице. Со цел да се задржи под вода, бурето било оштетено и во него биле поставени тегови. По наредба на јавен обвинител, беше извршена ДНК анализа со која се утврди дека починатото лице е исчезнатиот Илјашев“, се вели во соопштението на обвинителството и притоа се појаснува дека тој бил уличен препродавач на девизи и дека кај него не биле пронајдени оние 26.000 евра коишто, според неговите најблиски, тој ги имал со себе на денот кога исчезнал.
    Обвинителство во Струмица наредило обдукција на починатиот, како и вештачење на неговата облека, но и на сите други предмети коишто биле пронајдени во бурето, а од судот е побаран притвор за сега осомничениот

    Спонзорирано