Жител на Синѓелиќ обвинет за поседување дрога и оружје

1010

Жител на скопското село Синѓелиќ, на возраст од 27 години, е обвинет за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Сега обвинетиот, заедно со неговиот брат, кој е недостапен на органите на прогонот, во гаража, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, неовластено држел вкупно 6.451 грама хероин и 915 грама кокаин. При претрес, во бункерот биле пронајдени и 235 куршуми од различен калибар, пиштол „ХС“ со рамка со 16 куршуми и револвер „Магнум 357“, со рамка и шест куршуми.

Спонзорирано