Затворската казна на Јанкулоска за „Тенк“ намалена за две години

1451

Апелациониот суд во Скопје, кој постапуваше по жалба на Гордана Јанкулоска, односно во предметот наречен „Тенк“ , по одржана Јавна седница, донесе пресуда со која делумно ја уважи поднесената жалба, односно ја преиначи првостепената пресуда во делот на висината на изреченмата затворска казна, па наместо шест таа сега е правосилно одудена на казна затвор во траење од четири години.
Во останатиот дел првостепената пресуда Апелациониот суд во целост ја потврди. Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беше обвинета за злоупотреба при набавка на службениот „мерцедес“, а за потребите на екс-премиерот, Никола Груевски, односно дека била нарушена тендерската постапка со фаворизирање на еден економски оператор.
На Јанкулоска, за „Тенк“, ѝ се судеше во одвоена постапка поради нејзината бременост и породување. Претходно, за истиот случај првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци, а Никола Груевски, како поттикнувач на две години затвор.
Апелациониот суд ја потврди пресуда за Груевски, но затоа, пак, делумно ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски.

Спонзорирано