Украл 150 илјади денари од црквата „Св. Петар и Павле“

432

Основното јавно обвинителство – Скопје отворило кривична постапка за лице на возраст од 36 години, за кое се посочува дека е од Јурумлари. Непознатиот се сомничи дека сторило кривично дело „тешка кражба“, согласно со член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Сега осомничениот, ноќта меѓу петокот и саботата, насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Петар и Павле“, во населбата Ѓорче Петров во Скопје, а со погоден предмет ја отворил и дрвената каса од каде што одзел 120.000 денари. По ова, тој се упатил кон продавницата која работи во состав црквата и од таму одзел уште 30.000 денари.
Од Обвинителството не го соопштуваат идентитетот на осомничениот, но затоа, пак, потврдуваат дека се работи за лице кое и порано било осудувано за исти или слични и кривични дела.

Спонзорирано