Заради употреба на лажни ПЦР тестови обвинети 12 лица

847

За 12 лица, кои користеле лажни потврди за направен ПЦР – тест, скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинителни предлози за сторено кривично дело: фалсификување исправа.
Сега обвинетите, во различни кривично-правни настани, во периодот од 19. до 23. минатиот месец, на граничниот премин – Меѓународениот аеродром „Скопје„, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.
Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.​​

Спонзорирано