НА СРЃАН КЕРИМ УТРЕ МУ СЕ СУДИ ЗА ФИНАНСКИСКА ДИСЦИПЛИНА

542

По едно одложување, утре, во скопскиот кривичен суд ќе започне судскиот процес против поранешниот косопственик на „Медиа Принт Македонија“, Срѓан Керим.
На Керим, кој повторно ќе избегне да се појави во судот, со образложение дека живее во Опатија, Хрватска, ќе му се суди за финанасиска дисциплина, односно поради избегнување да им плати на компании на кои „МПМ“ им останала должна. Имено, според Управата за јавни приходи, Керим на една такси компанија и должи 208.000 денари или близу 3.500 евра, а на друга фирма уште 500 евра.
Она што е извесно е дека на устрешното судење интересите на обвинетиот Керим ќе ги застапува скопскиот адвокат Богољуб Софрониевски, инаку поранешен правен застапник на „МПМ“, а на судењето се очекува да се појави и стечајниот управник, Живко Калков.
Инаку, ова судење, поранешните вработени во дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, како и на неделникот „Теа модерна“, го доживуваат како вовед во судскиот предмет наречен „Империја“, а во кој, освен Срѓан Керим, за предизвикување на лажен стечај и за уште неколку други кривични дела треба да биде обвинет и Орце Камчев.

Спонзорирано