ОДБРАНАТА НА СРЃАН КЕРИМ СО ПИСМЕНА ОДБРАНА, ПОТОА – ПРЕСУДА!

819

Одбраната обвинетиот за финансиска дисциплина, Срѓан Керим, на денешното рочиште, најави дека ќе достави писмена одбрана, откако претходно беше констатирано дека „Медиа Принт Македонија“ има финансиски долгови кон други правни субјекти, а коишто долгови не ќе можат да се наплатат, бидејќи стејачот е затворен, а фирмата нема средства.
Она што, исто така, е извесно е дека по приемот на одбраната судот ќе донесе мерка со која, најверојатно, Срѓан Керим ќе биде осуден. Иако одлуката нема да ги задоволи должните, сепак, таа таа има и своја сатисфакција, бидејќи на Керим му претстои судење, во предметот наречен „Империја“, за сторени повеќе кривични дела.
Инаку обвинетиот Срѓан Керим веќе подолго време живее во Опатија, Хрватска и, како што пишуваше „Правосудство“ веќе успеа да го намами градоначалникот на тој приморски град да го ангажира како туристички промотер, но дека неговите апетити биле многу поголеми, односно дека се обидувал да му се наметне на претседателот на државата да го ангажира за негов советник?!
Срѓан Керим, освен со финансискиот скандал, со македонската амбасада во Берлин, на пошироката јавност и’ е познат по обидот за шверц на 750.000 евра скриени во шише.

Спонзорирано