ПОБАРАН ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА КОИ УЧЕСТВУВАА НА ПЕТОЧНИОТ ПРОТЕСТ

288

Скопското Основно обвинителство до кривичниот суд поднесе предлози за определување мерка притвор за три лица, учесници на протестите кои се одржаа минатиот петок. За овие три лица е поведена кривична постапка за сторено дело: учество во толпа која ќе изврши кривично дело, согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничените, од кои двајца на возраст од 29 години и еден 22-годишник, на 26 минатиот месец, учествувале на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот ‘Монструм’. Притоа тие биле дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, осомничените и повеќе други лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“, се вели во службенмиот допис на Обвинителството, од каде и проценка дека постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото и затоа од судија на претходна постапка се бара изрекување на мерка притвор.
Од Обвинителството потсетуваат дека претходно, за истиот кривично-правен настан, веќе е повеле кривична истрага за две други лица.

Спонзорирано