УШТЕ ЕДЕН ОСОМИЧЕН ПО ПРОТЕСТИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

510

Уште едно лице, по минатонеделните протести за пресудата на предметот наречен „Монструм“ е осомничено од скопското Јавно обвинителство за учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно.
Новоосомничениот, момчен на возраст од 21 година, на 26. минатиот месец, учествувал на протестот по пресудата за предметот „Монструм“. Тој бил дел од толпа која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Имено, сега осомничениот и други лица фрлале камења, бекатон плочки и други предмети кон полициските службеници, во обид да го пробијат полицискиот кордон, притоа со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.
За осомничемиот Обвинителството, од судот, побара изрекување на мерка притвор. Од обвинителството потсетуваат дека за истиот кривично-правен настан веќе се води постапка за петмина други учесници во протестите.​

Спонзорирано