Закажано судење на Јово Вангеловски за злоупотреба

1149

Поранешниот претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, според пишувањето на некои медиуми, на 25. овој месец ќе одговара за злоупотреба на службена положба и овластување, односно поради тоа што на една колешка, во ноември 2018 година, не ѝ определил додаток на плата од 35 отсто.

На седми јули, оваа година Обвинителството информираше дека Вангеловски е обвинет, бидејќи на на 30. ноември, 2018 година, „во својство на службено лице – претседател на Врховниот суд на РСМ, обвинетиот донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата, кој согласно законот им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост.

Притоа, свесно, а со намера потешко да и ги повреди правата, обвинетиот не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839 денари за оштетената – судија во Врховниот суд, која во конкретниот период не користела отсуство од работа“, информираа од обвинителството, но не кажаа дали се работи за судијката Лидија Неделкова со која Вангеловски е во континуиран судир.

Јово Вангеловски во два наврати ја извршуваше функцијата претседател на Врховниот суд, но поради злоупотреби на системот АКМИС тој беше разрешен од судиската функција.

Спонзорирано