ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИ ВО КУМАНОВСКО ОСОМНИЧЕНИ 14 ЛИЦА И ЧЕТИРИ ФИРМИ

845

Неколкуте кривични дела се сторени во периодот од 2011 до 2017. година, а штетата е проценета на безмалку 40 милиони денари

 

Кумановската полиција до надлежен јавен обвинител поднела кривична пријава со која се опфатени 14 лица, но и четири правни лица.
Како што потврдуваат од полицијата станува збор за лицата: М.Ј.(60), М.С.(59), Г.Д.(41), Ж.М.(50), В.С.(54), С.С.(47), Д.С.(39), М.Д.(36), Л.Л.(62) и Г.Д.(52), сите од Куманово, Ј.П. (52), Ѓ.В. (52) и М.К. (45) од Скопје и И.Т. (43), од Режановце, листата е проширена и со по две фирми од Скопје и Куманово.
„Пријавените се сомничат дека во периодот од 2011 до 2017 година ги сториле кривичните дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, употреба на исправа со невистинита содржина, злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, фалсификување исправа и помагање“, се вели во соопштението на МВР и се појаснува дека државниот буџет е оштететен за 39.815.609 денари или нешто повеќе од 600.000 евра.
Според документираните сознанија од истрагата, во периодот од 2011 година до декември 2017 година, пријавените со намера да се оствари противправна имотна корист на штета на буџетските сретства, обезбедени преку Министерството за образование и наука, а како блок дотации доделени за превоз на ученици за три основни училишта во општината Старо Нагоричане, организирале група од вработени во општината, директори на основните училишта и превозник од Куманово, при што ја злоупотребувале постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, изготвиле фалсификивани договори и на тој начин овозможиле правните лица да ги исполнат условите предвидени во тендерската документација. По ова, а при користење на возилата за превоз на ученици за други намени, тие ги игнорирале претходно склучените договори за превоз, но одобрувале и потпишувале фактури за извршени превозни услуги поединечно за секој месец со непрецизирани податоци без наведени релации, без точен број на ученици со многу повисоки фактурирани цени од договорените. Со ваквите дејствија и со признавањето на фактурите со невистинита содржина, пријавените го оштетиле буџетот за безмалку 40 милиони денари.

Спонзорирано