Жарко Караџовски осомничен за набавката на палмите

1321

Палмите кои ги набавуваше владата на Никола Груевски, според Телевизија 21 , биле плаќани неколкукратно поскапо од цената по која тие биле набавувани, со што биле злоупотребени еден милион евра, државни пари.
За овој, најнов скандал, според тврдењата на ТВ 21 веќе е осомнничен пореанешниот директор на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, и уште дваесетмина бизнисмени од Тетово и Гостивар.
Имено, истражувањето кое што го спровела телевизијата покажало дека компанијата „Росен Центер“ палмите, на „Макрдонски шуми“ и ги продала по многу повисока цена, па така палма со висина од четири метри, чија

набавна цена е 3.491 денари, на „Македонски шуми“ и била фактурирана по цена од 22.750 денари. Палма од шест метри била набавена за 5.751, а на „Македонски шуми“ и биле наплатени 39.814 денари. За палма од осум метри фирмата платила 3.687 денари, а на државата и биле наплатено 45.502 денари.

Поткрепа на своите тврдења Телевизијата наоѓа и во изјавата на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, кој потврдува дека овој случај тие го истражуваат две години и дека од досегашпниот тек на истрагата е констатирано дека фиктивни фирми од Тетово и Гостивар победувале на тендери за набавка на палми.

Спонзорирано