За разбојништво кое се случи во неделата, во Битола – штура информација дури денеска!

542

За настан кој се случи, во Битола, пред три дена јавното обвинителство дури денеска инфоермира дека е отворена кривична истрага за за едно лице за сторено кривично дело разбојништво.
Како што информираат од обвинителството, сега осомничениот, на улица, пресретнал жена која ја турнал, а кога таа паднала ја удирила главата од земјата, по што тој ѝ го одзел паричникот во којшто имало 450 денари и лични документи.
Од обвинителството, како по обичај, не кажуваат ништо што се однесува на осомничнениот – ниту неговите иницијали, ниту тоа дали се работи за лице кое што претходно е евидентирано како сторител нса вакви или слични кривични дела, но ќе се пофалат дека тие предложиле изрекување на мерка притвор, во траење оед 30 дена, а што им било прифатено од судија на претходна постапка.

Спонзорирано