Јордан Камчев, не ти се извинувам! Се гледаме на суд!

12064

Орце Камчев од мене бара извинување кое нема да го добие, затоа што ниту нешто негира, ниту нешто демантира.

Заканите ги разбирам како обид да изврши влијание врз мене, како сведок на Обвинителството во случајот „Империја“, во делот на „Медиа Принт Македонија“

Љубиша Станковиќ

Некаде после првомајските празници, на мојата домашна адреса, пристигна едно препорачано писмо. Иако доставата е неуредна, односно никој не потишал дека го примил, сепак го земав писмото коешто беше адресирано на мене и на кое како испраќач стои името на скопскиот адвокат Александар Михајлоски!
Напишано на нешто повеќе од две страници, „Приватната здравствена установа во мешовита сопственост – Клиничка болница Аџибадем Систина“, реагира на мој текст, објавен на порталот „ПРАВОСУДСТВО“, бара „извинување и јавно повлекување на изјава“?!
Што точно значи барањето на болницата ќе треба да појасни токму Јордан Камчев кој е претседател на Одборот на директори, но она што е повеќе од извесно е дека немам намера да променам ни запирка на напишаното, а не, пак, да повлекувам објавен текст!
Не е дека терам инаети, но вистинитоста на моето пишување го потврдуваат самите тие кои само го ископирале мојот текст и под него напишале дека за клевета, односно за изнесување на невистини се одговара согласно законот за граѓанска одговорност! Ова е неспорен факт и јас сум подготввен да бидам тужен, само, чинам дека и се она друго што други медиуми објавија а корона тестовите на „Систина“ ќе го употребам на суд!
Но, прашање е дали ќе има судење?! Јордан Камчев треба да знае дека јас го „испочитував“ неговиот адвокат, Александар Михајлоски, несудениот „реформист“ на ВМРО-ДПМНЕ и син на Симон михајлоски, сега сменетиот стечаен управник на печатницата „Графички Центар – Скопје“, која работеше во состав на „МПМ“ и за која, наводно, се води некаква предистрага за отворен лажен стечај.
На адвокатот му кажав дека сум го примил неговото писание, коешто тој го изработил уште на 6. април, а дека како „препорачано“ го добив по еден месец. Михајловски отсекогаш ми бил симпатичен дечко, иако еднаш веќе имавме средба на суд која заврши во моја полза. Овојпат, од него побарав да се договориме вон судски, бидејќи тие со писанието ниту нешто негираат, ниту нешто демантираат, туку само констатираат дека имало клевета. Од Алек побарав да заборават на повлекување на текст или извинување и кажав дека јас сум подготвен да одам на суд! Да бидам искрен до крај, му кажав дека заканите со тужба за клевета ќе ги доживеам како своевиден пристисок врз мене и како новинар и како сведок на Јавното обвинителство во предметот наречен „Империја“ ( во делот кој се однесува на „Медиа Принт Македонија“), а каде првоосомничен е Орце Камчев!
Адвокатот ги слушна моите зборови и рече дека ќе разговара со неговите, но и после десет дена не добив одговор од наводно навредените и наклеветените. Се јавив уште еднаш и кажав дека доколку не ми се јават до среда ќе сметам дека нема што да понудат како компромис и дека после тој рок ќе следи нов ( токму овој) текст за Камчев!
Јас и натаму останувам на тоа што го напшав во две продолженија за „Корона – профитерствто“ на Камчев, а на суд ќе се повикам и на многу други докази, меѓу кои и на изјава на министерот Венко Филипче, кому исто така, му беа упатени одредени закани!

 

 

 

 

 

 

Како бело видело ми е јасно дека на Орце Камчев му гори под нозете и дека во целото негово бунило

тој продолжува да прави нови „грешки во чекори“, но некој треба да му каже дека веќе никој не сака да си игра со него, а најмалку луѓето од правосудството, оти се покажа дека тој е спремен секого да снима, пардон: да жртвува само тој да се спаси!
Не знам од каде му идеја на Орце Камчев дека ќе бидам осуден за клевета и дека тој со пресудата ќе ме уценува за висината на наводно претрпената штета? Да не мисли дека има работа со Боки 13? Впрочем, Боки му „лапна“ 1,5 милиони евра! Јас ќе добијам многу, многу помалку, но што тој ќе доби?
Убеден сум дека, ако дојде до судење, Орце Камчев ќе го изгуби процесот, но тоа ќе му биде најмал проблем, оти вистинското судење е она за „Империја“, а таму јас сведочам, таму се приклучувам на кривичниот прогон против него и заедно со повеќе неколку стотици вработени во дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“ и неделниот “Теа модрена“ ќе побараме и финансиска надомест за претрпената штета – и тоа со законски затезна камата! Исто онака како што пресметува неговата „Стопанска банка – Битола“, а која исто така е во предметот наречен „Империја“!
Кога нема разбирање ќе има судење!

Спонзорирано