Вилма Русковска, во завршен збор, цени дека го докажала „Рекет“

489

Застапникот на обвинението, обвинителката Вилма Русковска, денеска го даде својот завршен збор за предметот наречен „Рекет“, а во кој се обвинети Бојан Јовановски алиас Боки 13 и екс-шефицата на некогашното Сецијално јавно обвинителствто, Катица Јанева.
Русковска, која повикувајќи се на искази на сведоци, но и на материјални докази, потврди дека Бојан Јовановски, најнапред земал 500 илјади, а потоа уште милион евра, од Орце Камчев, првоосомничен во предметот наречен „Империја“. Таа се повика на фотографија од домот на родителите на Јовановски кадешто завршила торбата „Луј Витон“, а со снимка се потврдува дека Зоран Милески – Кичеец, од домот на Камчеви зема друга торба, но не онаа којашто ја спомнува првообвинетиот Јовановски.
Обвинителката Русковска кажа дека првосомничениот Орце Камчев дошол кај неа за да го пријави „Рекетот“, таа се изненадила од висината на бараниот износ. Нејзино изненадување е постапувањето на Катица Јанева за која Русковска кажа дека самата таа имала симпатии уште со формирањето на СЈО, но дека таа преминала на „другата страна“: Бојан Јовановски за предметот „Империја“, знаел повеќе и од обвинителката Лиле Стефанова, оти Јанева ја нарушила доверливоста на овој случај.
Обвинетите и нивните бранители својата одбрана ќе ја дадат на први следниот месец, а потоа ќе следи изрекување на првостепена пресуда.

 

( фото: МИА)

Спонзорирано