Кај Чајлане пронајден човечки труп во распаѓање

995

Кај местото викано Осој, во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, вчера попладне, полициски службеници пронашле човечки труп во распаѓање. Местото веднаш било обезбедено, а денеска, уште од утринските часови, јавен обвинител започнал со вршење увид.
По наредба на обвинителот, телото било откопано и било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а биле обезбедени и траги кои дополнително ќе се вештачат.
„Ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација“, се вели во штурото соопштение на обвинителствтото.​​