Водителката Филиповска осомничена за затајување данок

2253

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска, порадиа сомневање за сторено кривично дело „даночно затајување“. Таа, како штое наведено во соопштението на Финансиската полиција, во својство на физичко лице во периодот од 21 јуни 2017 до 7 јули 2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 милиони денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н..

„До Управата за финансиска полиција доставена е пријава од Друштвото „ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК“ и лицата Е.Н. и Д.Н,. во која е изнесено сомнение за сторени кривични дела, со лажно прикажување на факти, против пријавената Л.С. на која и уплатиле вкупно 16.095.600 милиони денари. Притоа е склучен и нотарски е заверен Договор за уредување на меѓусебни обврски со пријавеното лице Л.С.за изготвување на проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права, со цел обезбедување средства и со ветување дека на правното лице Л.С. наводно ќе му обезбеди донации од 3.580.000 евра“, стои во известувањето на Финансиската полиција.

Како што информира оттаму,  расположивите парични средства, како остварен приход,  Стојановска ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, со што го оштетила државниот буџет.

Од Адвокатското друштво „Пепељугоски“, пак, реагираа по известувањето од Финансиската полиција дека е нејасно од кои причини е поднесена пријавата против Стојановска, со оглед на тоа, што, како што велат, таа ги вратила парите и не остварила приход.

Стојановска примените средства во целост ги вратила на исплатувачот пред крајниот рок за доставување на годишна даночна пријава, со што, согласно воспоставената пракса во Македонија, се смета дека истата не остварила приходи. Зачудува фактот што е поднесена кривична пријава без да ѝ се овозможи на  Стојаноска да даде исказ или приложи докази, со што се повредуваат нејзините права“, велат од Адвокатското друштво Пепељугоски
Спонзорирано